Министерството за надворешни работи на Русија денес во соопштение изјави дека нападот на Америка и Израел врз Иран бил планирана воена акција против суверена држава.
– Обемот и карактерот на претходните воено-политички и пропагандни подготовки за овој непромислен потег, вклучително и префрлањето на голема американска воена група во регионот, не оставаат сомнеж дека станува збор за однапред планиран и неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна држава, членка на ОН, со што се кршат основните принципи и норми на меѓународното право – се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денес изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
The post Прва реакција на Русија! Експлозија на гнев поради нападот на Израел и САД врз Иран appeared first on Во Центар.



