четврток, 12 ноември 2026
Најново

Прва слика од балистичка ракета пресретната од НАТО над Турција: Еве каде падна (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека НАТО пресретнал балистичка ракета што влегла во турскиот воздушен простор.

„Балистичка ракета лансирана од Иран, која влезе во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од елементите на воздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредени во Источниот Медитеран“, се вели во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Некои делови од ракетата паднале на празни полиња во Газиантеп, а фотографија од соборената ракета веќе кружи на социјалните мрежи.

Во инцидентот немаше жртви или повредени.

„Турција придава големо значење на добрососедските односи и регионалната стабилност. Сепак, уште еднаш нагласуваме дека ќе бидат преземени сите потребни чекори решително и без двоумење против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја“, се заклучува во соопштението на Министерството за одбрана.

Да ве потсетиме дека ова е втор пат НАТО да реагира откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Иран истрела ракети и беспилотни летала кон неколку земји низ регионот.
The post Прва слика од балистичка ракета пресретната од НАТО над Турција: Еве каде падна (фото) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести