Првите знаци од другата страна не се добри, не се охрабрувачки


Маринакис: Првите знаци од другата страна не се добри, не се охрабрувачки

Ја очекуваме новата Влада на Северна Македонија, да положи свечена заклетва, да ги слушнеме позициите, но првите знаци не се добри, не се охрабрувачки. Ние ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè, ова да го стори другата страна, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

На новинарско прашање што доколку другата страна не го стори тоа што го очекува Грција, Маринакис посочи дека откако ќе ја видат официјалната позиција на новата Влада, „ќе постапат соодветно врз основа на националните интереси“.

– Повторувам дека, иако зборуваме за лош договор што ни го натовари претходната Влада, уште од почетокот рековме дека сме обврзани да го почитуваме и ќе го почитуваме, но ова е задача што има две страни. Ако ова не се случи од другата страна и покрај она што во целост го бара меѓународната заедница и сите европски фактори, кои јасно ги бранат нашите позиции, тогаш ќе ги оцениме нашите постапки, објасни Маринакис и додаде дека во никој случај нема да брзаат „како што сака опозицијата“.

Портпаролот на грчката Влада се осврна и на меморандумите кои сè уште не се ратификувани во Парламентот, за кои говореше дека се „преговарачко оружје“ од кое немаат намера да се откажат.

-Оние кои говорат за меморандумите, нека видат што пишува во меморандумите. Една од обврските е и дискусијата за европската интеграција на Северна Македонија. Кога веќе имаше напредок во случајот со НАТО, со што значи дека ја изгубивме едната компаративна предност, сега да има напредок и во дискусиите за интегративниот тек во Европа, пред самите да го почитуваат името Северна Македонија, односно како тие се викаат. Очигледно дека сме во исчекување на другата страна, првите знаци не се добри, не се охрабрувачки и како што кажа и премиерот, ние го почитуваме континуитетот на државата, ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè ова да го стори другата страна, рече Маринакис.

За изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дадена во четвртокот, во која рече дека очекува набргу да се сретне со Мицотакис, на прашањето на МИА за тоа колку е веројатна ваква средба, Маринакис коментираше дека првично чекаат да биде формирана Владата и засега не може да каже нешто конкретно.

Во однос на изнесените ставови на Мицкоски рече дека „сите Грци ги слушнавме изјавите“ и го карактеризираше како „невкусна шега“, и покрај овие изјави, „инсистирањето на опозициската СИРИЗА да дојдат на гласање во грчкиот Парламент меморандумите од Договорот од Преспа“.

-Во моментите кога не е само претседателката на Северна Македонија, го имаме и претседателот на ВМРО што дава такви изјави, постои партија во грчкиот Парламент и тоа партијата што е главна опозиција, која со слушањето на овие изјави, што во основа не ја почитуваат првата точка на Договорот од Преспа, односно како се вика државата на Северна Македонија, сакаат да ги предадеме сите преговарачки оружја, да дадеме сè, да потпишеме сè, рече Маринакис.

Паралелно упати прашање до СИРИЗА „зошто брзаат?“.

– Зошто сакаат да ја доведат нашата земја до точка да го има изодено целиот пат, од моментот кога друата страна ги нема направено ниту основите работи. Тоа е несфатливо и се разбира дека нема да ги донесеме меморандумите, посочи владиниот портпарол.

Во однос на ставовите на двајца пратеници од Нова демократија за евентуално поништување на Договорот, Маринакис категорично посочи дека „едно е желбата на некои, а друго е што ќе прави Владата“, истакнувајќи дека уште како опозиција јасно објаснија дека ако договорот се ратификува ќе мора да се имплементира.

Пронајдете не на следниве мрежи: