среда, 11 ноември 2026
Најново

Првите наоди ја откриваат причината за смртта на девојката од Македонија во Грција – неофицијално била од Прилеп

Патолошки причини (дека лицето починало поради болест или природен процес во организмот) се првичните наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат првите резултати од форензичката обдукција, објави грчкиот медиум Thestival. Gr.

-Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта.

Пулс24.мк - 14 години

24-годишната жена, која била со потекло од Македонија, била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите достапни информации поврзани со околностите на нејзината смрт, пишува медиумот.

Истовремено, дел од медиумите во Македонија објавија дека девојката била од Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: