Првите јагоди веќе стигнаа на пазарите: Искористете ги во рецепт за семифредо со бисквити кој ќе го обожуваат и децата и возрасните!

Сезоната на јагоди полека започнува, а токму ова вкусно и здраво овошје е sвезда на многу десерти поради кои едвај ги чекавме потоплите денови. Доколку барате малку поинаков десерт за кој не е потребно многу време или посебни кулинарски вештини, подолу побарајте рецепт за кремасто semifreddo со јагоди и бисквити.
Првите јагоди веќе почнаа да пристигнуваат на маркетите и полиците во супермаркетите, и тоа е овошје кое никогаш не смеете да го изоставувате од вашето мени поради неговиот фин вкус, но и бројните хранливи состојки со кои е богато.
Јагодите се миризливо црвено овошје, за прв пат споменато пред 2.000 години. Покрај тоа што се вкусни, тие се исклучително здрави и можат да спречат разни болести.
Истражувањата покажаа дека јадењето јагоди може да спречи рак на дојка, хранопровод, кожа, дебело црево, простата и панкреас.
Елагинската киселина спречува ширење на клетките на ракот и може да се поврзе со клетките кои предизвикуваат рак и на тој начин да ги спречи нивните негативни ефекти. Покрај тоа, јагодите се четврто овошје во однос на нивото на антиоксиданти кои го штитат организмот од слободните радикали поврзани со предвремено стареење и разни болести.
Ако барате десерт од јагода што е готов за брзо време, пробајте кремасто полуфредо од кој ќе си ги излижете прстите.


Состојки:
1 кутија Dolcela mousse со вкус на ванила
350 мл млеко
100 гр јагоди
100 гр бисквити со путер
Постапка:
Изматете го кремот во прав од ванила со ладно млеко. Измијте ги јагодите, исечете ги на парчиња и измешајте ги во кремот. Бисквитите издробете ги со сукало за да не се сомелат целосно, туку да останат на помали парчиња. Измешајте ги во кремот, но оставете на страна две лажици бисквити.
Подгответе силиконски или обичен калап, обложете го со фолија и посипете на дното двете лажици бисквити што сте ги зачувале. Распоредете ја смесата рамномерно на нив.
Оставете ја тортата во замрзнувач – по можност преку ноќ. Следниот ден извадете ја од калапот, одмотајте ја фолијата и ставете ја на плех за сервирање и украсете со шлаг и јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.