четврток, 12 ноември 2026
Најново

Први снимки од разорниот земјотрес во Турција, плач и лелеци од жителите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Над 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава.

Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени достигна 639. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.


Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално времево близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри.

https://twitter.com/i/status/1622465186786598913

На снимките кои се објавени на социјалните мрежи се гледаат последиците од разораниот земјотрес.

Поврзани вести