четврток, 12 ноември 2026
Најново

Први снимки од стравичниот земјотрес во Јужна Америка: Прво татнеж, па силен потрес! Сè се тресе, луѓето врескаат и панично бегаат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Силен земјотрес денеска околу 18 часот го погоди Еквадор, а на социјалните мрежи се шират видеа од земјотресот.

Имено, земјата ја потресе земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала.
Како што може да се види на видео од супермаркет, земјата почнува да се тресе, а луѓето панично врескаат и бегаат од продавницата, додека намирниците паѓаат.

Исто така, низ мрежите се проширија видеа кои го прикажуваат брегот во моментот на земјотресот, кога сè изгледа вообичаено и нормално, а потоа почнува неконтролирано да се тресе.
Засега нема официјални информации за потенцијална материјална штета и повредени.

Поврзани вести