Првописот на македонскиот јазик пристигна во Градската библиотека

Градската библиотека “Браќа Миладиновци” со гордост објавува дека Второто издание на Првописот на македонскиот јазик од 2017 година сега е дел од нивната колекција. Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јовица Никчевски, вчера потврди дека Правописот ќе биде достапен во сите библиотеки за сите корисници, а денеска овој значаен документ официјално го добивме. Никчевски објасни дека дистрибуцијата на Правописот ја започнуваат токму од најблиската институција, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Го поздравуваме потегот на НУБ да обезбеди Правописот до сите корисници на библиотеките. Ова издание е од огромно значење не само за нашата институција, туку и за сите кои ја негуваат и ја испитуваат македонската лингвистичка традиција, изјави Снежана Стојчевска, директор на ГБСК. Љубовта кон македонскиот јазик е жива и видлива!
The post Првописот на македонскиот јазик пристигна во Градската библиотека appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: