четврток, 12 ноември 2026
Најново

Прво огласување на Северина откако Судот ѝ го врати синот: Ќе барам самостојно старателство!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, што предизвика голема бура во јавноста враќањето на старателството целосно на Милан, имаше уште еден пресврт во случајот.Како што пишуваат хрватските медиуми, синот и’ бил вратен на Северина, а пејачката проговорила за тоа.– Не очекував дека Жупанискиот суд во Сплит толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција, вели Северина.– Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, пола – пола, добро е и вака, сè е подобро од двапати неделно по четири часа, но нема да застанам тука – ќе одам до крај. Ќе барам самостојно старателство и секако ќе продолжам да се борам за сите жени, односно нивните деца со кои си игра системот, жртви на системот и институциите, „моќни и немоќни жени“ – додаде пејачката.

Поврзани вести