Прво ослабела 45 килограми, а сега привлекува внимание со провокативни фотографии

Џесика Симпсон во последно време привлекува многу внимание со својот изглед. Откако ослабнала 45 килoграми, не престанува да се фотографира во предизвикувачки пози.
Џесика отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед, а многумина ја паметат како атрактивна русoкоса која ја изненади јавноста со големата трансформација кока првпат се појави во јавноста со вишок килограми. Таа сега „се вратила“ на старата „јас“ со изгледот.
Некогашната слаба дама долго се борела со вишокот килограми кој се „собрал“ по три бремености, а покрај тоа водела и битка со зависностите.

Таа сега успеала да ослабне повеќе од 45 килограми, па на Инстаграм објавила фотографија на која во провокативно бикини се пофалила со беспрекорната фигура на тело.
Фановите не престанале да ѝ пишуваат коментари и се согласиле дека повторно изгледа прекрасно, па дури и подобро, иако имало и такви кои ѝ препорачале дека треба повторно да се здебели.
Да ве потсетиме, таа неодамна го покажала своето најлошо издание од 2017 година, а покрај таа фотографија признала и дека поради сопствената несигурност со години се борела со зависности.
Алкохолот и таблетите престанала да ги консумира пред четири години, како што навела во своите мемоари „Open Book“, а покрај тоа почнала интензивно да вежба и ја сменила својата исхрана.
Клучот на нејзиниот успех се крие во дисциплината, упорноста и желбата повторно да се чувствува добро во својата кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.