четврток, 12 ноември 2026
Најново

Прв телефонски разговор на Путин со Папата Лав XIV

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше телефонски со папата Лав XIV, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Рускиот претседател Владимир Путин и папата Лав XIV остварија телефонски разговор. Владимир Путин уште еднаш му честиташе на папата за неговиот избор и му посака успех во исполнувањето на толку важна мисија“, се наведува во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иако нема дополнителни детали за нивниот разговор, новиот папа неодамна јавно проговори за војната во Украина.

Во еден од неговите први поздрави до италијанските аџии, тој рече дека неговите мисли често се насочени кон „украинскиот народ погоден од нови сериозни напади врз цивили и инфраструктура“.

Поврзани вести