Превкусна Костен торта со лешници

1 кг варени, лупени и пасирани костени
250 г шеќер
300 г чоколадо за готвење
200 г пржени, мелени лешници
250 г путер
300 мл слатка павлака
1 лажица какао
1 лажица масло
Во тенџере на оган го ставаме шеќерот, додаваме 100 мл вода и промешуваме. Откако шербетот ќе ја добие потребната густина, го тргаме тенџерето од оган.
200 г чоколадо искршено на парчиња топиме на пареа. Во тенџере на оган го топиме путерот.
Во сад за матење ги ставаме пасираните костени, го додаваме шербетот и мешаме со лажица. Потоа во садот ги додаваме мелените лешници и промешуваме. Ги додаваме изладеното растопено чоколадо и путерот, и мешаме додека не добиеме хомогена смеса. Ја нанесуваме во калап за торта, обложен со најлонска фолија. Оставаме смесата да се излади и да се стегне.  Стегнатата торта од калапот ја ставаме на чинија за торта и ја отстрануваме фолијата.
Преостанатите 100 г чоколадо искршено на парчиња ги топиме на пареа со маслото. Растопеното чоколадо го нанесуваме на тортата и оставаме да се стегне.
Во сад за матење со миксер ги матиме слатката павлака и какаото додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Шлагот го полниме во слаткарска кеса и со топчиња шлаг ја декорираме тортата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.