Превкусни шпагети

500 г шпагети
100 г салама
100 г кашкавал
100 г сирење
300 мл кисела павлака
8 лажици кечап
1 лажица оригано
масло
сол
Во посолена вода ги вариме шпагетите, ги процедуваме и ги прелеваме со врело масло. Ги ставаме во тава за печење, додаваме 3 лажици кечап и ориганото, и промешуваме. Во тавата ги рендаме саламата, кашкавалот и сирењето и повторно промешуваме.
Во длабок сад ги мешаме павлаката и преостанатиот кечап. Ја истураме мешавината врз шпагетите и мешаме додека шпагетите целосно не се соединат со сосот. Печеме само 10 минути на 220 степени или додека поруменат шпагетите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.