Превоз од 2.000 до 7.000 денари за учениците во Битола

Битолските ученици останаа без превоз, а особено се погодени учениците кои живеат во поодалечените села, што претставува сериозен удар по семејниот буџет заради градоначалничката Петровска, тврди Иванчо Тошевски советник во Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, сметаат дека јавните набавки за овој превоз не биле навременo пуштени, а начинот на кој се креирани нема да донесе решение на овој проблем.
За ваквата состојбата со јавниот превоз во Битола како одговорна ја посочуваат градоначалничката на СДСМ во Битола, Наташа Петровска.
Тошевски вели дека секој родител треба да издвои од семејниот буџет од 2000 до 7000 денари поради неспособноста на градоначалничката Наташа Петровска ако има еден ученик. А, што ако семејството има два или повеќе ученици?
– Како што стојат работите до крајот на првото полугодие нема да имаме превоз за учениците, а заканите за бојкот на наставата ќе станат реалност, изјави Тошевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.