Превртен камион на автопатот Скопје- Тетово

Како што информираат од тетовската полиција се уште не се знае за каков инцидент станува збор, но потврдуваат дека на патот има превртен камион. Полициски службеници и увидна екипа се упатени кон местото на несреќата. Сообраќајката се случила на потегот од првата патарина кон Тетово.
Очевидци на настанот инфомираат дека на местото на сообраќајката се упатиле и возила на тетовската противпожарна единица и Брзата помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.