Предизвикуваат проблеми во желудникот и дигестијата – 4 намирници кои треба да ги избегнувате за појадок

Како што добро знаеме, појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Токму тој нè снабдува со хранливи материи кои ни се најпотребни, па поради тоа важно е појадокот да биде разновиден.
Меѓутоа, доколку имате проблем со желудникот или пак дигестивниот тракт, одредени намирници треба да ги избегнувате во текот на вашиот појадок односно во текот на претпладневните часови.
1. Свеж зеленчук


Свежиот зеленчук е вистински „предизвик“ за вашиот стомак, па поради тоа не треба да го консумирате за појадок за да ги избегнете болките во желудникот и вашите црева.
Иако свежиот зеленчук е богат со витамини, минерали, растителни влакна кои се неопходни за целокупното здравје за организмот, најдобро е да го јадете за ручек во вид на салата.
2. Јогурт
Јогуртот е здрав за цревата и дигестивниот тракт поради тоа што во себе содржи добри бактерии кои се важни за правилната работа на внатрешните органи.
Меѓутоа, не е добро доколку јогуртот го пиете на празен стомак поради тоа што желудочната киселина ќе ги неутрализира сите добри бактерии, па во тој случај истите нема да стигнат до вашите црева.


3. Цитрусно овошје
Сите сме слушнале за советите дека кога ќе станеме наутро треба да се напиеме чаша свеж цеден сок. Сепак, совет е дека тоа никако не треба да го правите на празен стомак.
Цитрусното овошје, како што се лимоните или пак портокалите, ќе предизвикаат киселина во желудникот и болки, поради што може да имате чувство на воспаление или пак „пецкање“ во желудникот.
4. Банана
Овошјето како бананата е одличен избор во текот на денот во вид на ужина, поради што бананата го снабдува организмот со енергија која му е потребна за добра работа во текот на денот.
Сепак, бананите не треба да ги консумирате за време на појадокот поради што тие нагло го подигнуваат нивото на шеќер во крвта кој подоцна нагло опаѓа поради, а со тоа ќе постигнете контраефект, односно помалку енергија во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.