Предизвици и можности за деца и млади Роми

Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце” и Ромскиот ресурсен центар ве покануваат на настан „Предизвици и можности за деца и млади Роми“, кој се организира во рамки на регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција.
Настанот ќе се одржи на 12.04.2019 година (петок) со почеток во 09 часот во Сити Хол центарот.
Изјава за медиумите е предвидена во 9 часот и 30 минути.
Официјално, настанот ќе го отворат:
– Реџеп Али Чупи, претставник на Ромски образовен фонд
– Мила Царовска, министер за труд и социјална политика
– Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука
– Ана Матевска, проект координатор во Ромаверзитас
По ова, следуваат три работни сесии:
Пристап до квалитетно образование за децата Роми: перспективи и искуства од терен
Вработување на млади Роми: агенда за развој
Структурни и политички промени за Ромите во Република Северна Македонија: Зголемување на соработката на национално ниво.
Настанот ќе обезбеди форум за дискусија помеѓу претставници на институциите, властите, граѓанските организации и меѓународните организации, како и ромски студенти и активисти и други релевантни субјекти за вклучување на Ромите, реформите во образованието и политиката за вработување во Република Северна Македонија. Настанот, исто така, ќе понуди можност да се дискутираат прашања поврзани со идентификување, адресирање и решавање на прашањето на раниот детски развој, вклучувањето на ромските деца во детските градинки, образованието на ромската младина и непречената транзиција на пазарот на труд и вработување.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.