четврток, 12 ноември 2026
Најново

,,Предлагам преговотите да започнат во четврток во Истанбул” Путин ги поканува Украинците на патот кон мирот: Примирје како прв чекор, но под овие услови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста и предложи мировните преговори со Украина да започнат следната недела.„Предлагаме преговорите со Киев, кои ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат без никакви предуслови. Предлагаме тие да започнат без одложување следниот четврток, 15 мај, во Истанбул, каде што се водеа претходно“, рече Путин и додаде:„Примирје, кое би го почитувала не само Русија, туку и украинската страна, би бил првиот чекор кон долгорочен мир.“Како што рече тој, ова не значи примирје за време на кое украинската страна ќе се вооружува и трескаво ќе копа ровови.„Уште еднаш повторувам, ние постојано предлагавме чекори за прекин на огнот и никогаш не сме одбиле дијалог со украинската страна.“

Поврзани вести