Предлог за брза вечера: Омлет сендвичи

Брзо и лесно подгответе омлет сендвичи за вечера…
СОСТОЈИ:
1 жолта пиперка
1 црвена пиперка
1 главица кромид
30 гр сланина
маслиново масло
3 парчиња леб
2 јајца
сол
бибер
50 гр кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте на коцки пиперки, кромид и сланина. Испржете на маст или маслиново масло. Одвојте на страна и ослободете ја тавата.
Од лебот извадете ја средината, а потоа ставете го лебот на благо загреана тава. Ставете во средина издинстани состојки. Во сад измешајте јајца, сол, бибер и рендан кашкавал. Ставете во дупчињата од лебот. Свртете и допечете уште малку.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.