Малку поинаква баклава во чиј вкус сите ќе уживате.
Потребни состојки:
Едно пакување тенки кори за баклава
Фил:
250 г путер
200 г бадеми
80 г суво грозје
1 рендано мускантно оревче
Шербет:
300 г шеќер
500 мл вода
1 ванилин шеќер
сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
Плехот намачкајте го со растопен путер и обложете го дното со четири до пет кори, па секоја испрскајте ја со стопен путер. Потоа врз секоја кора посипете мешавина од мелени бадеми, суво грозје и рендано мускантно оревче.
На крајот наредете ги преостанатите четири до пет кори.
Пред печење, со нож исечете ја баклавата во облик на ромб или на коцки, па прелијте со растопен путер. Печете ја баклавата во рерна на околу 200 степени, додека не порумени.
Печената баклава прелијте ја со оладен шербет и оставете околу два часа да го впие шербетот.
Шербетот ќе го приготвите така што шеќерот, ванилин шеќерот и водата ќе зовријат, па ќе додадете сок од лимон.