Потребни состојки:
400 г мелени бисквити
125 г кокос
175 г нутела
120 мл растопен путер
100 мл слатка павлака
За фил:
1,5 л млеко
240 г шеќер
4 жолтки
130 г нишесте(пченкарен скроб)
120 г путер
1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
За украсување:
200 г чоколадо
100 г лешници
Начин на подготовка:
Ставете 1 литар млеко да се вари, а во сад промешајте јајца, шеќер, ванила, сол и нишесте. Мешајте со постојано мешање додека да се згусне. Потоа додајте путер и мешајте додека да се растопи. Поделете на два еднакви дела, а во едниот дел додајте го растопеното чоколадо.
Соединете ги бисквитите, кокосот, нутелата и слатката павлака. Сипете ја смесата во тава со димензии 24х24 и израмнете го. Ставете го во фрижидер околу 30 минути. Преку бисквитите сипете го првин белиот дел, па црниот и израмнете. Украсете со лешници. Ставете во фрижидер да се стегне околу 1 час.