Потребни состојки:
Неколку парчиња модар патлиџан
250-300 гр пилешко филе
2 домати
1 кромид
150-200 гр кашкавал
Магдонос
Сол и бибер
Масло
Начин на подготовка:
Исечете ги модрите патлиџани на половина и извадете ја внатрешноста. Запечете во рерна. Внатрешноста на модрите патлиџани исечете ја на ситни коцки и пржете заедно со пилешкото месо, доматите и кромидот. Соединете ја смесата со кашкавал, па наполнете ги модрите патлиџани. Печете ги околу 10-15 минути. Наросете со магдонос.