Предлог ручек: Сочно и крцкаво пилешко филе полнето со песто

Ви го претставуваме овој рецепт кој е „сиромашен“ со јаглехидрати, а воедно има исклучително кремаст и сочен вкус. Уживајте!

Состојки:

  • 1 кг. пилешко филе
  • 130 гр. домашно или купечко песто сос
  • сол и бибер по вкус
  • 500 гр. шери домати

Начин на подготовка:
Премачкајте го пилешкото со песто од сите страни (околу 2 лажици песто на секое филе). По желба зачинете со сол и бибер.
На скара: Загрејте скара, грил или обична тава на средна топлина. Печете го пилешкото со вртење на скара од секоја страна 5 до 6 минути.Во меѓувреме пропржете ги шери доматите додека не омекнат и поруменат. Пилешкото прелијте го со уште малку песто и послужете го со гарнир по желба.
Во рерна: Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тавата за печење со алуминиумска фолија или хартија за печење. Полнетото пилешко ставете го во тавата за печење, печете 30 минути, а потоа ставете ги доматите заедно со пилешкото. Печете уште 20 минути, додека потполно не зарумени и се испече пилешкото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.