Предолго време поминато на „Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ причинува депресија и анксиозност






Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.

Неврологот Рејчел Самерс го користи својот интернет-простор за да ги сподели своите совети подобро псиихичко здравје. Според неа, не треба да се минува повеќе од половина час на ден на социјалните мрежи.

– Трошењето до 30 минути дневно на личниот интернет-простор ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните мрежи. Меѓу последиците на прекумерната употреба на мрежите се и: анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки, истакна Самерс.

При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува првично намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 насто.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: