Потребни состојки:
6 пиперки
250 гр. урда
3 јајца
брашно, презла, сусам, сол, зачини, масло за јадење
Подготовка:
Најпрво се чистат пиперките од дршките и семето. Во сад се мати 1 јајце со сол и зачини по желба и се додава урдата.
Со оваа смеса се полнат пиперките и се затвораат со парче пиперка.
Така подготвените пиперки се поховаат во брашно, јајца, презла и сусам.
Се пржат на средно загреано масло за јадење, се сервира во чинија и се декорира по желба.
Добар апетит
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.