среда, 11 ноември 2026
Најново

Преживеаните патници разочарани од висината на казната која му се заканува на возачот

– Погледни што уби. Ти ќе одиш во затвор, а моето дете гние во гроб, ова го изјавил таткото на 16-годишната Маријана Коциќ, една од седумте жртви во нишкиот автобус, на суд обраќајќи му се на возачот.
За трагедијата која се случи на 21 декември, зборувала и мајката на 15-годишниот Алекса Димитријевиќ.
– Го родив, го учев да чита, да пишува, порасна во момче, а тогаш еден ваков човек му го зема животот. И доживотна робија е малку за тоа, кажала таа.
Обвинителството бара максимална казна од осум години затвор за возачот на автобусот.
Патниците, кои за среќа ја преживеаа несреќата, кога воз буквално го преполовил автобусот, изјавиле дека се разочарани со висината на казната која му се заканува на возачот.

Пронајдете не на следниве мрежи: