Презентацијата на културните, археолошките и туристичките вредности на Македонија во САД

Промотивен настан посветен на презентацијата на културните, археолошките и туристичките вредности на Република Македонија, ќе биде одржан во понеделник во „Scandinavian House” („Скандинавска куќа”) во Њујорк.

Настанот е во организација на светски реномираното списание „Археолоџи магазин”, кое има континуирана 65-годишна традиција во обработката и презентацијата на теми од областа на заштитата на културното наследство од целиот свет, и на Генералниот конзулат на Република Македонија во САД
Пред многубројните поканети гости од американската археолошка елита, туроператори и туристички агенции од САД, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која ќе се осврне на билатералните односи во областа на културата меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, како и на заедничката соработка во заштитата на културното наследство
На настанот е предвидено и обраќање на Питер Хердрич, извршен директор на Археолошкиот институт на Америка, организација со 133-годишна традиција во заштитата на културното наследство која е издавач на реномираното списание „„Археолоџи магазин”.
За најзначајните откритија во областа на археологијата во Република Македонија, предавање ќе одржи реномираниот професор, д-р Драги Митревски, од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” – Скопје, кој ќе се осврне на значењето на откриените наоди, како и вложувањата во областа на заштитата на културното наследство. Ќе биде прикажан и промотивен видеоматеријал со презентација на културното, археолошкото и туристичкото богатство на Република Македонија.
На настанот, македонската фолклорна традиција ќе биде презентирана преку настапот на Културно-уметничкото друштво „Свети Кирил и Методиј” од Њу Џерси.
Макфакс
Промотивен настан посветен на презентацијата на културните, археолошките и туристичките вредно

Пронајдете не на следниве мрежи: