Премиерот на Либан си даде оставка: Додека им се обраќаше на нацијата, демонстрантите и полицијата жестоко се судрија

Премиерот на Либан, Хасан Диаб, денеска официјално поднесе оставка од таа позиција по експлозијата во Бејрут.

 Обраќајќи се пред народот, Диаб рече дека е на страната на народот, повикувајќи ги одговорните за „ова кривично дело“ да бидат казнети. Тој исто така истакна дека експлозијата во Бејрут е резултат на „ендемична корупција“.

Сега, поранешниот премиер рече дека неговите министри дадоа се од себе за да ги извршат своите функции, затоа што „тие се грижат за земјата“, наведува „РТ“.

 И покрај неговата оставка, демонстрантите повторно се собраа пред либанското собрание истиот ден.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.