Утрински одамна не постои, а ниту неговата богата архива на текстови кои што се сведоштво на едно време. Како некој да сакаше да исчезнат сите тие текстови.
За среќа на некои форуми ископавме текст поврзан со Косана Мазнева и тогаш Николиќ, кога таа како претседателка на Жените на ДПМНЕ ја интонираше 9 СРПСКИХ ЈУГОВИЌА и со тоа автоматски заврши на насловните страници на весниците и коментарите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Колумната во целост подолу: 👇👇👇
Оливера Војновска
Знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ обожава патриотски песни. Се пеат на сите изборни митинзи и се задолжител декор на секоја манифестација во организација на владејачката партија. Но, не знаевме дека партијата на премиерот Никола Груевски се пали и на српски песни. Тоа го разбравме деновиве, на 12-годишнината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
На прославата во Македонската опера, атмосферата се загреваше со стара српска песна во која се оплакуваат жртвите во битката за Косово од 1389 година, што во актуелниот политички момент беше протолкувано како провокација за ДУИ и, воопшто, за албанската зедница во Македонија. Како ли само големите македонски патриоти се сетија на српскиот еп „Девет Југовиќи“? Изборот, наводно, го направила претседателката на Унијата на жени-пратеницу Косана Николиќ-Мазнева. Таа била надлежна за културно-уметничката програма на конференцијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.
И, бидејќи нејзината пратија е позната како модерна, мултиетничка и демократска, таа имала одврзани раце, па можела да избере и песни за своја душа. Цела среќа што Николиќ-Мазнева е голем почитувач на уметноста и на вистинските културни вредности што ги красат националните малцинства, па не избрала турбофолк!
Николиќ-Мазнева од пред неколку дена е најпознатата вмровка во државата. Симпатичната тивка пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ досега не се експонираше премногу во јавноста. И во парламентот е прилично молчалива. Меѓутоа, револтирана поради „ригидноста, ксенофобијата и националната фрустрираност на пратеничките од ДУИ Теута Арифи и Ермира Мехмети“, одеднаш доби неодолива желба гласно да го каже „личниот став“. Се разбира, бидејќи е голем индивидуалец, какви што, нели, ги има многу во ВМРО-ДПМНЕ.