Препознајте го лошиот љубовник по чекорот

Мажите кои чекорат со ситен чекор во 40 отсто од случаите имаат проблеми со еректилната дисфункција затоа што нивните карлични мускули се слаби, сметаат научниците.
Истражувачите од Јапонија ја мереле должината на чекорите кај мажите, како и висината до која тие ја креваат ногата при чекорот. Оние кои правеле помали чекори имале поголеми проблеми со импотенцијата. Тие веруваат дека моќта на карличните мускули има огромно влијание врз ова и игра голема улога во постигнувањето и одржувањето на ерекцијата.
„Јачината на мускулите на карлицата и нозете и нивната флексибилност се клучни фактори кај еректилната дисфункција. Веруваме дека и еректилната дисфункција и малите чекори се последица на слабите карлични мускули“, рекол водачот на истражувањето, д-р Шинго Хатакеама од Универзитетот Хиросаки.
Во студијата биле вклучени 324 возрасни мажи, пишува „Дејли мејл“. Мажите со мали чекори правеле растојание од околу 153 см, а оние со поголем исчекор околу 166 см. Мажите со кратки чекори имале околу 40 отсто шанси да имаат проблеми со еректилна дисфункција, без оглед на другите фактори.
Карличните мускули кај мажите пружаат поддршка на мочниот меур и цревата, како и на сексуалната функција. Пократките чекори можат да бидат поврзани со силата и либидото, како и со недостатокот на тестостерон, кој ја покренува сексуалната желба. Кај оние кои имаат голем чекор се претпоставува дека имаат подобра циркулација и имаат поголема самодоверба, па со самот тоа и се подобри во сексот.
Еректилната дисфункција или импотенција е дефинирана како неможност за достигнување и одржување на ерекцијата, а со самото тоа и со непостигнување сексуално задоволство. Недостатокот на физичка активност, исто така, се наведува како причина да не се добие ерекција, а истражувањата покажала дека мажите кои се физички активни имаат помалку проблеми со импотенцијата. Силните тренинзи и боречки вештини се најдобрите тренинзи за лекување на еректилна дисфункција бидејќи тие го зголемуваат нивото на тестостерон, самодовербата и го намалуваат стресот.
извор:курир.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.