3 моркови
половина главица карфиол
половина главица брокула
2 компири
200 мл неутрална павлака
една лажичка сув зачин
лажичка лук во прав
половина лажичка сол
Подготовка:
Прво треба да ги исечкате морковите на кругови, како и компирот на помали парчиња.
После тоа, исечкајте ги брокулите и карфиолот и сето заедно додадете го во тенџерето во кое ќе ја сварите оваа супа. И прелијте го зеленчукот со вода.
Гответе додека зеленчукот не омекне. Потоа тргнете го тенџерето од оган и сè изблендирајте со рачен блендер.
Тогаш е време повторно да го ставите зеленчукот на оган и да почекате уште малку да испари водата доколку сакате густа супа.
Кон крајот на готвењето додадете неутрална павлака и варете уште најмалку 5 минути. Додадете и зачини. Вашиот оброк е подготвен!
Пријатно!