Пресметајте го вашиот љубовен број!

Дали датумот на вашето раѓање може да го определи вашиот љубовен живот? Проверете…

Љубовен број 1
(За родените на 1-ви, 10-ти, 19-ти и 28-ми во месецот )

Единиците се водачи во љубовта. Најчесто се во потрага по некоја голема љубов, желни за експерименти и лесно губат интерес за нештата. Во раните години од животот тешко се смируваат покрај еден партнер и пред сè се насочени кон личните интереси. Во сексот се страсни и полни со енергија, со што речиси секогаш се неодоливи за партнерот. Сепак, иако имаат многу обожаватели тешко се решаваат да влезат во сериозна врска бидејќи пред сè бараат личност што ќе ги стимулира како психички, така и физички.

Љубовен број 2
(За родените на 2-ри, 11-ти, 20-ти и 29-ти во месецот)

Во нумерлогијата луѓето родени на некој од овие датуми важат за личности кои се подготвени да направат буквално сè за мирно функционирање на врската. Како љубовници им нудат голема емоционална сигурност на своите партнери. Бројот два е поврзан со месечината која пак е симбол на емоционалната и грижлива природа. Затоа им е потребен партнер кој размислува логично и е полн со разбирање. Сексуалната страст секогаш им е во втор план.

Љубовен број 3
(За родените на 3-ти, 12-ти, 21-ви и 30-ти во месецот)

Тројките се забавни и енергични личности подготвени да експериментираат во љубовта. Овие љубовници имаат потреба од простор и контакт со други луѓе за да се чувствуваат среќно. Ако се почувствуваат заробено, веднаш реагираат тврдоглаво и раздразнето. Сексот го практикуваат секојдневно, па доколку не го добијат во врската, ќе го побараат на некое друго место. Уживаат да испробуваат нови секс пози, сè со цел подобро да ја задоволат другата страна. Станува збор за големи идеалисти, кои се привлечени од гламурозни нешта и кои го напуштаат бракот кога ќе забележат дека монотонијата го уништила совршеното секојдневие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.