Пресметајте го вашиот љубовен број!

Љубовен број 4
(За родените на 4-ти, 13-ти, 22-ри, 31-ви во месецот)

Иако од надвор изгледаат стабилно и доверливо, четворките се мошне емоционални и фрустрирачки настроени кога нема да го добијат она што го сакаат. Врските кои навестуваат стагнација на љубовно поле ја будат нивната двојна природа. Луѓето родени под овој број се лојални, но збеснуваат за многу мали ситници бидејќи љубовта ја сфаќаат мошне сериозно. Нивната ладна и навидум незаинтересирана природа има магнетна привлечност, но самите четворки не се нешто многу заинтересирани за секс.

Љубовен број 5
(За родените на 5-ти, 14-ти и 23-ти во месецот)

Лесно приспособливи, љубопитни и пријателски настроени петките се мошне атрактивни за спротивниот пол. За да бидат среќни во љубовта секогаш им се потребни нови нешта. Освен тоа сакаат и партнер кој психички ќе ги стимулира. Бидејќи се авантуристи понекогаш влегуваат во повеќе од една врска, сè со цел да им биде што е можно поинтересно. Уживаат во флертот, а успехот во љубовниот живот најчесто им зависи од тоа колку партнерот е подготвен да го прифати нивното специфично однесување.
Љубовен број 6
(За родените на 6-ти, 15-ти, 24-ти во месецот)

Шестките мразат безредие во љубовта, па затоа секогаш се трудат нештата да бидат под конец. Најмногу уживаат кога се со семејството и пријателите и се посветени на мирен живот. Постојат два тип на луѓе со овој број. Едните имаат лош карактер и секогаш бараат нова љубовна жртва, додека другите се силни и атрактивни карактери кои се експерти во водењето љубов. И едните и другите стануваат огорчени кога врската во која инвестирале многу љубов и внимание почнува да се распаѓа.

Љубовен број 7
(За родените на 7-ми, 16-ти и 25-ти во месецот)

Нумеролошките седмици се тип на луѓе кои понекогаш не дозволуваат никој да им се доближи. Сепак, иако се осаменички личности, важат за верни и посветени партнери. Откако ќе ја воспостават саканата врска стануваат далеку поинтимни и романтични од другите луѓе. Вообичаено се многу чувствителни во потрагата на идеалниот партнер. Имаат здрав сексуален нагон, но повеќе се водат од емоции отколку од сирова страст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.