Сигурно досега ви се случило да наидете на оние моменти кога животот изгледа толку неверојатно сложен што не знаете во која насока да продолжите да се движите. Ова е знак дека треба да паузирате, да земете здив и да се опуштите.
Бидејќи вистината е дека честопати вие самите ги комплицираме работите. Тоа, пак, ве спречува да го идентификувате проблемот и да пронајдете соодветно решение. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да престанете да го комплицирате животот и да почнете да го живеете сега.
Престанете да го комплицирате животот и почнете да го живеете сега!
Јасна комуникација
Ова е веројатно еден од најзначајните совети кога станува збор за непотребното усложнување. Премногу луѓе си предизвикуваат проблеми само затоа што не знаат како ефективно да комуницираат. Тие кажуваат работи што не ги мислат или мислат работи што не ги кажуваат, а тоа создава проблеми. Ако редовно практикувате добра и јасна комуникација со луѓето околу вас, ќе забележите дека тоа може да ви помогне да избегнете многу проблеми.
Престанете да бидете премногу материјалисти
Многумина од нас се водени од сценариото кое општеството ни го наметнува и ни кажува дека ни треба повеќе од сè. Меѓу другото, имајте на ум дека квалитетот секогаш ќе биде подобар од квантитетот. Затоа, барајте квалитет во работите што сакате да ги поседувате – без разлика дали тоа се материјални средства, пријателства или искуства.
Не трошете време менувајќи ги луѓето
Ако сакате да го направите вашиот живот покомплексен отколку што некогаш бил, почнете да го трошите вашето време обидувајќи се да ги промените и контролирате луѓето околу вас. Затоа, престанете да го комплицирате животот и почнете да ги прифаќате луѓето такви какви што се. Ако не можете да го направите тоа, тогаш можеби е време да размислите дали треба или не да го поминувате вашето време со некој друг.
Престанете да одложувате сè
Одложувањето на обврските е еден од најголемите стресови што самите си го наметнувате во животот. Знаете дека нешто мора да завршите, но постојано го оставате до последен момент. Ова непотребно ви го комплицира животот. Направете список со обврски, организирајте го вашето време и самите поставете си рокови кои се далеку пред крајниот рок кога нешто треба да завршите. Ова ќе ви помогне да престанете да го комплицирате животот и да ги одбегнете непотребните стресови.
Научете да велите „не“
Не можете да направите сè за секого. Ако се обидете да им велите „да“ на сите, на крајот ќе се разочарате и дополнително ќе си го комплицирате животот. Наместо тоа, фокусирајте се на луѓето и можностите на кои навистина сакате да потрошите време. Тоа ќе ви помогне да бидете посреќни во текот на денот бидејќи ќе го правите она што вие го посакувате.
Фокусирајте се на работите што можете да ги контролирате
Сите ние посакуваме да ги контролираме работите бидејќи тоа нè прави да се чувствуваме подобро поради сиот тој хаос кој го живееме секојдневно. Сепак, наместо да посветувате внимание на нештата врз кои немате контрола, фокусирајте се на оние кои можете да ги контролирате. На тој начин ќе заштедите време и енергија, а тоа не само што ќе ви го намали стресот, туку и ќе влијае поволно врз вашето ментално здравје.