Пресуда за убиството на матурантот Мухамедали Јашари

Во вторник, на  7-ми мај ќе биде соопштена пресудата за случајот со матурантот Мухамедали Јашари кој го загуби животот во средното градежно училиште во Скопје пред две години.Семејството на Јашари побара отштета од три милиона денари и судот во кривична пресуда да донесе дополнителна пресуда за нематеријална штета.Според обвинителството, Јашари настрадал од удар со камен во градниот кош, кој му го нанел првообвинетиот Петар Маневски кој е во бегство. Јашари немал никакви здравствени аномалии, па смртта настанала од ударот со камен.Одбраната на Маневски, пак, побара тој да биде ослободен и тврдеше дека Јашари бил удрен со пендрек а не со камен. Според адвокатот, Ристо Петров, Јашари имал ткн капкасто срце и според него и мал удар кај него можел да предизвика смртни последици. Обвинителството бара Маневски да одговара за нанесување тешка телесна повреда.Адвокатите, пак, на обвинетите Стефан Гелов и Доријан Тасев кои се товарат за загрозување со опасно орудие, бараат да бидат ослободени, бидејќи немало докази за обвинувањата кои им се ставаат на товар.Матурантот Мухамед Али Јашари загина во април 2011 година во дворот на скопското средно градежно училиште „Здравко Цветковски“ во обид да му помогне на другарот кој се степал со тројцата обвинети.Според обвинението, тројцата обвинети, Петар Маневски, кој е во бегство, Стефан Гелов и малолетниот Доријан Тасев, дошле во дворот на училиштето и се степале со Дарко Анчев за банални причини.Маневски го удрил Мухамедали Јашари со камен во градите. Според Јавното обвинителство, причина за смртта е ударот од камен.Малолетникот Доријан, се наоѓа во малолетничкиот затвор во Охрид, откако по тепачката во градежното училиште ја ограби куќата и го украде автомобилот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Петар Маневски, пак, е осомничен дека по инцидентот избодел момче во скопската населба Капиштец и од тогаш е во бегство.
МакфаксВо вторник, на  7-ми мај ќе биде соопштена пресудата за случајот со матурантот Мухамедали Јашари кој го загуби жи

Пронајдете не на следниве мрежи: