сабота, 28 ноември 2026
Најново

Претежно облачно со локални врнежи од дожд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Локално во југоисточните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната од 4 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 10 степени.
Облачно и свежо со врнежи од дожд ќе биде и во понеделник, со пообилни врнежи во источните делови. Потоа, од вторник во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, од среда и со значителен пораст на дневната температура.

Поврзани вести