Претепаниот напаѓач на Села умира свирепо на Трауматологија, пишува неговата сестра

Еден од обвинетите во случајот за нападот на Зијадин Села, Стојан Павлески, веќе четири месеци се наоѓа во болница, а неговата сестра, Вера Митевска, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку Павлески прво беше обвинет за обид за убиство на Зијадин Села, но потоа обвинителот за него направи преквалификација на делото во насилство. Тој на 25 октомври 2018 кај Зелен пазар беше претепан до бессознание од група напаѓачи, кои до денес не се идентификувани.
Неговата сестра, Вера Митевска, во обраќањето до министерот Филипче ја раскажува нивната страна на приказната. По нападот, како што вели, во болница не му направиле снимки, веднаш му го залепиле носот со фластер и им кажале дека нема други скршеници. По операцијата во три часот изутрина бил пуштен од болница. Имал болки, па по три часа чекање на Брзата помош го однеле на Трауматологија каде лежи до денес. Но неговата сосотојба не само што не е подобрена, туку е и влошена, вели неговата сестра.
-Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозен. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик (така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат!, пишува сестрата на Павлески, додавајќи дека дури деновиве им кажале дека на Павлески му се скршени 4, 5, и 6-от пршлен и дека имал и излив на мозокот, а редовни преврски на раните му прават на секои пет дена.
Откако медиумите ги објавија апелите за помош од неговото семејство, огорчено дека повредениот не ја добива потребната грижа Министерството за здравство ургираше претепаниот Павлески да биде префрлен во соодветна установа. Од кабинетот на министерот, Филипче, велат дека го посетиле Павлески и дека се увериле за тешката состојба во која се наоѓа.
-Констатиравме дека е навистина во тешка здравствена состојба. По консултација со вработените лица, како и со семејството договорено е пациентот да се префрли во Геронтолошкиот завод каде би добивал нега и третман што се соодветни за состојба во која се наоѓа – велат од Министерството за здравство.
Обраќањето на неговата сестра Вера Митевска до министерот Филипче ви го пренесуваме во целост.

До Министерот Венко Филипче
Господине Филипче,
Ова писмо го пишувам као ЧОВЕК, жител на држава која претендира да влезе во Европската Унија, според заложбите на Владата.
Како Министер за здравство, ве предизвикувам да направите итна посета на Клиниката за Трауматологија, во Државната болница и да ги утврдите причините за фактот дека таму, веќе четири месеци, секојдневно, дел по дел , се убива човек! Да СЕКОЈДНЕВНО СЕ УБИВА ЧОВЕК и тоа по ВАША партиска наредба! Постапките на вработените и дошепнувањата на загрижените го покажуваат вистината!
Имено, мојот брат Стојан Павлески, самохран татко, од 25-ти октомври 2018 година лежи на Трауматологија, без дијагноза, без напредок во лекувањето, без надеж дека ќе преживее. Неговото тело, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството. Ако не беа тие до неговиот кревет, убедени сме дека досега злосторниците, кои се инфилтрирани и меѓу вашиот медицински персонал, ќе го убиеја.
Мојот брат, беше свирепо претепан во близината на „Зелен пазар“, 25 септември 2018 година. По завршувањето на работното време, заедно со неговиот другар, по краток разговор, се упатуваат кон нивните велосипеди, со намера да си одат дома. Од зад грб, подло и нечовечно, ги пречекуваат група луѓе и до бесвест ги претепуваат. Другарот на брат ми поминува со две скршеници на телото, а брат ми, бессознание го пренесуваат во болница. Без снимки, веднаш само му го залепуваат носот со фластер и нам, на домашните ни кажуваат дека нема други скршеници. Во таква состојба, после операцијата е пуштен дома, сам со такси, во три часот ноќта! Повторувам САМ, без никаква придружба.
Бидејќи, остатокот од ноќта имаше болки во рацете и нозете, беше во ненормални болки, ние викнавме брза помош, која ја чекавме да дојде цели четири часа. Дури седум часа потоа, беше прегледан од медицинскиот тим на Трауматологија и беше оставен да лежи во болница.
Откако беа направени медицински снимки, лекарите кратко ни соопштија дека , мојот брат нема скршеници, но го ставија да лежи во болница. По неколку дена , на наше инсистирање, едвај направија други снимки и се утврди дека има скршеници на вратот и крварење на мозокот!!! И ТОЛКУ!
Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозиран. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик( така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат! Кога има медицинска визита, нас домашните, нѐ бркаат од собата. Сите дијагнози и документи се чуваат под клуч, кај Началникот! Докторот, кој што ја изврши операцијата на носот, предложи пациентот да биде префрлен на друго одделение, но препораката беше неуспешна, заради НАРЕДБИТЕ од неговите претпоставени, Директорот, началникот или кој знае кој, кои имаат за цел , брат ми да биде умрен, свирепо, на тенане.
Дури деновиве ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен, а има доживеано и излив во мозокот и, замислете, редовни преврски на раните му прават на секои пет дена!!?
Брат ми, Стојан Павлески, лежи непокретен, веројатно веќе со дистрофија на мускулите во екстремитетите, лежи засмрден од развиениот декубит- гнојни рани по телото, кои се јавуваат од лежење. Постојано го држат под седативи и едвај зборува сега, а зборува по малку откако ќе помине дејствието на седативите. Ние го храниме, ние го облекуваме, ние го негуваме и тоа 24 часа во денот.
Медицинската нега е под нивото на човештината.
Инаку, за појаснување: Брат ми Стојан Павлески е чесен МАКЕДОНЕЦ, патриот. Тој влезе со групата патриоти во Собранието на 27-ми април и беше уапсен со Обвинение дека го нападнал Села. Видео снимките покажаа дека тој не е виновен според обвинението, бидејќи го немаше на видео снимките и Судот го ослободи. Но, „соживеаните со нас“, не му простија дека е ПАТРИОТ. Сега сите заедно, по наредба го умираат!
Ве молам, ИТНО, да го посетите и да ни ја дадете вашата „МЕДИЦИНСКА“ документација на увид. Да видиме каква е состојбата. Во спротивно, уште утре да си дадете оставка, заради неспособноста да се грижите за народот, кој дава средства од кои вие земате плата!
Можеби е подобро некој од загрижените сопственици на приватни болници во Македонија, да покажат интерес и знаење и за народот, кој го убедуваа дека е подобро да се живее обезимен, обезглавен и дека секако, како таков, меѓу другото ќе има основна здравствена заштита.
Одговорноста е доблесна работа, а за овој случај сите инволвирни треба да сносат одговорност за здравствена негрижа и угнетување со физички последици, опасни по живот.
Огорчени,
семејство Павлески
Вера Митевска(сестра)
077 667412

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.