Претепан лидер на српската опозиција, противник на Вучиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Стефановиќ Борко, лидер на Левица на Србија и еден од основачите на Сојузот за Србија, Јовановиќ Бобан и Димиќ Марко, активисти на Левица на Србија, се брутално претепани пред одржувањето на трибината во Крушевац, соопштија од српскиот опозициски сојуз.
Полицијата излегла на лице место да направи увид. 
Од партијата јавија дека поради тешки повреди на главата Стефановиќ бил префрлен во болница, на Јовановиќ му биле избиени два заба и расечена устата, а Димиќ се здобил со повеќе удари во главата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.