Двајца мажи од Куманово се лишени од слобода откако физички нападнале пожарникар пред Територијалната противпожарна единица во градот.
На 11 февруари 2026 година околу 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Љ.Г. (32) и Ф.С. (32), двајцата од Куманово, поради сомнение дека физички го нападнале С.С. (35), вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово.
Инцидентот се случил пред самата зграда на противпожарната единица. Осомничените биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.



