Претпладне дожд, попладне сонце – во четврток снег

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а дневните од 8 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди.Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 13 степени.
Во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.