Претпладне променливо облачно, попладне дожд и снег

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната од 10 до 18 степени Целзиусови.
И во Скопје променливо облачно, со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 6, а дневната до 15 степени.
Од петок се очекува утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.