четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претпладне променливо облачно, попладне сончево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава.
Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.
Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

Поврзани вести