Претпладне променливо облачно, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 16 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. УВ=6.
Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната до 24 степени.
Во сабота ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.