среда, 25 ноември 2026
Најново

Претпладне сонце, попладне дожд и заладување во наредните денови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 23 степени.


Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.

Поврзани вести