четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претпладне сончево, попладне дожд – Во недела силен ветер и снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено долж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 17 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне 20 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер. Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер, над 60 километри на час, а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.

Поврзани вести