Претседателот Иванов ги прими „Некст тајм“ во Вилата Водно

Претседателот Ѓорге Иванов, пред истекот на својот мандат, вчера во својот дом го угости рок-дуото “Некст тајм”, кои деновиве ги собраа сите симпатии за преработката на песната “Нешто ќе те питам бабо”.
Како што информираа и претседателот и момците од “Некст тајм“, средбата била на задоволство на двете страни.
-Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.
Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања, напишаа Мартин и Стефан на својата Фејсбук страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.