Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Панама

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Панама во Република Северна Македонија, Ана Марија Рејес Кастиљо, со седиште во Рим.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, посакувајќи и успешен мандат, претседателот Пендаровски изрази уверување дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес и значителен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, во интерес на народите на двете земји.

Новоименуваната амбасадорка Ана Марија Рејес Кастиљо го пренесе интересот на Република Панама за изнаоѓање на заеднички иницијативи за унапредување на размената во делот на културната, трговската и научната соработка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.