четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров по повод 10 – годишнината од неговата смрт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт.

Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија даде исклучителен придонес за меѓународно признавање и етаблирање на земјата и го отвори патот за исполнување на стратешките цели.

Видео материјал: https://youtu.be/YTB4wlJ0qq0

Поврзани вести