четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Пендаровски ја посети Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и се запозна со состојбите и со работата на оваа институција која го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство.

Претседателот Пендаровски направи обиколка на сите читалници во библиотеката и се запозна со состојбите во кои се наоѓаат, го посети новоизградениот дел на библиотеката, каде му беше презентиран Центарот за дигитализација, а ги разгледа и Специјалните збирки и Виртуелната библиотека на Македонија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претседателот Пендаровски оствари средба со директорката Јелисавета Костадинова и дел од раководството на НУБ „Св. Климент Охридски“, на која беше информиран за работата и тековните активности на библиотеката, како и за предизвиците со кои се соочува оваа институција во моментов.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ја разгледа изложбата „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“, подготвена од тим во библиотеката, а посветена на јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески, како и изложбата „Портрети“, подготвена по повод патрониот празник Св. Климент Охридски.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје е една од првите институции во нашата држава, формирана со одлука на Антифаштичкото собрание на народното ослободување на Македонија, на 23. ноември 1944 година.

Поврзани вести