четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Пендаровски ја прими генералната секретарка на Унијата на франкофонските новинари Зара Назариан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Зара Назариан, генерална секретарка на Унијата на франкофонските новинари, која престојува во Република Северна Македонија, по повод формирање на Франкофонско здружение на македонски новинари како полноправна членка во Меѓународното франкофонско здружение.

На средбата, генералната секретарка Назариан го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на Унијата на франкофонските новинари и заложбите за промовирање на културната и јазична разновидност, и европските вредности за слобода на говор како една од основните придобивки на демократските општества.

Претседателот Пендаровски поздравувајќи го формирањето на франкофонското здружение на новинари во Северна Македонија, ја нагласи важноста од членувањето на македонски новинари во Унијата, како можност за институционална соработка во рамките на Европската Унија, како и размена на искуства во насока на континуиран развој на етичките вредности и професионалните стандарди и принципи.

Поврзани вести